fbpx

Мицкоски нека не глуми загриженост туку да каже јасен став за референдумот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лицемерието на Мицкоски е повеќеслојно.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го условуваа формирањето на Државната изборна комисија со барањето да се донесе закон за финансирање на партиите со пари од Буџетот.

Зошто тогаш Мицкоски не се откажа од буџетски пари?
Дополнително, ВМРО ДПМНЕ со условувањето на ДИК го доведоа во прашање и распишувањето на референдумот.
Мицкоски нека не глуми загриженост туку да каже јасен став за референдумот.

Владата предводена од СДСМ има обезбедено средства за реконтрукција и изградба на нови училишта. Меѓу нив е и гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово која ВМРО ДПМНЕ ја заборави 11 години.
Владата и надлежното министерство преземаат мерки со цел да се испочитуваат договорените цени за откуп на грозјето, откупот да биде навремен и целосен, со што навистина се вреднува трудот на лозарите.

На Мицкоки и на ВМРО-ДПМНЕ не им е грижа ниту за лозарите, ниту за учениците. Она што навистина ги загрижува е тоа што Македонија од изолирана и урнисана држава, денес станува демократска држава којашто јасно чекори кон ЕУ и НАТО и тоа е препознаено од целиот демократски свет.

Толку ли ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успехот на Македонија па затоа е единствениот политички субјект што нема став за референдумот на 30 септември?

Скопје, 26.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести