Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште намаат јасен став за клучните прашања од најголем национален интерес за државата и граѓаните.
Тоа го покажува несериозниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и кон државата. Паѓаат во вода децениските лаги на ВМРО-ДПМНЕ кога зборуваше за референдум и право на граѓаните да го кажат последниот збор за правецот по кој ќе се движи земјата, и тоа во секоја програма, во секој јавен настап.
Сега кога референдумот е извесен и ќе се случи, кога е обезбедено членството во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ немаат став.
За најважните прашања за иднината на Македонија само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат соопштено за што се. Или се за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или се за небиднина, назадување, изолација.
Ако се за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ треба да ги повикаат членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.
Во спротивно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе покажат дека лажеле цела деценија и дека всушност се само за одбрана на криминалот, за изолација, назадување и неизвесност.
Граѓаните се цврсто определени, тие се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет.
На референдумот на 30 септември, граѓаните сплотени и обединети околу иднината на државата, ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО со зачуван и признаен македонски идентитет од целиот свет.
ДА за македонската иднина!
Скопје, 17.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА