Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ секојдневно шири невистини и измислици во обид да го прикрие деструктивното однесување преку коешто се обидува да ја закочи македонската иднина. Времето на криминал, насилства, задолжувања, газења на човековите права и слободи заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Македонија повеќе не е заробена држава, туку е слободна, демократска, напредна држава – пријател и партнер на регионот и демократскиот свет. Ниту една лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прикрие реалните факти коишто велат дека платата во мај 2018 година е за 7,1 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година, дека само во првиот квартал се влезени рекордни 235 милиони странски инвестиции, дека Македонија е на чекор до влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.
Македонија оди напред и запирање нема. Граѓаните ги поразија погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразат и нивното деструктивно однесување. ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочи македонската иднина. Граѓаните велат ДА за подобар живот, ДА за влез во ЕУ и НАТО, велат ДА за македонската иднина.
Скопје, 22.07.2018 ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА