Соопштение за јавност
Интеграцијата е услов за развој на економијата. Затоа ние се обврзавме пред граѓаните и заедно ќе градиме силна домашна економија со праведен даночен систем. Преку целосна дигитализација на процесите дополнително ќе го олесниме пристапот до јавните услуги, рече заменик претседателката на СДСМ и носителка на ИЕ 3 на големиот митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина денеска во Скопје
-Со планираното продолжение на реформите и на механизмите во даночната политика ќе постигнеме поефикасна, спроведлива и правична наплата што значи и повеќе средства во државниот буџет. Така ќе има повеќе и за инвестиции во инфраструктурата, за нови градинки и училишта, за подобар живот за сите. Нема откажување од иднината! Со нас за предвидлива и спокојна иднина и во изборна единица 3!, рече Лукаревска.