fbpx

Ковачевски: Нема откажување, само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во општеството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги подобриме состојбите во сите сегменти на општеството. Од ова, нема откажување!, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Свети Николе.

Ковачевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди план кој не е план.

Христијан Мицковски е новиот Никола Груевски. Исто како неговиот ментор и тој ќе го одложува патот кон ЕУ. Исто како неговиот ментор и тој ќе ја обвинува ЕУ за неговите неуспеси, нагласи Ковачевски, додавајќи дека Груевски и Мицковски ќе изгуби уште 11 години од нашите животи, од животите на нашите деца, на нашите внуци.

На прагот сме на еден историски подвиг – Македонија – земја членка на ЕУ, поминавме многу време во чекалната, сега е време е за Европска Македонија, затоа, нема откажување од европскиот пат на земјава, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Свети Николе.

Последни вести