fbpx

Македонија веќе нема генерации за губење, ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ треба да се охрабри и да каже ДА, за македонската иднина.

ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи зајакнувањето и обзбедувањето на македонскиот идентитет, еднаш-засекогаш.

Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи иднината туку да даде поддршка на решението на 25 годишниот спор, што со децении земјава ја влечеше надолу.

По 25 години стагнирање, Македонија нема повеќе генерации за губење.

ВМРО-ДПМНЕ треба да каже ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор.

ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговороност и да каже ДА за решението кое што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата!

ДА, за иднината на сите граѓани, ДА, за македонската иднина!

Скопје, 12.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

Последни вести