Соопштение за јавност
Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на вечерашниот завршен митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Скопје, им порача на скопјани дека поминавме долг пат, од држава со угнетени медиуми, истепани студенти, заробено судство и криминални проекти со лажен барок и стиропор, до земја која е фактор на стабилност во регионот, членка на НАТО и со започнати преговори за влез во Европската Унија претседававме со ОБСЕ и кај нас преговара други држави кои меѓу себе имаа отворени прашања а претходно ние преховаравме со други држави по трети места за отворени прашања кои ги имавме со соседите.
Ковачевски истакнува дека за тоа така да продолжи, мора да се бориме и да ја менуваме Македонија, правејќи ја европска држава.
„ Да обезбедиме систем за сите, да можат законите да важат за сите, да има исти права за сите, да има ред и поредок, повисок стандард, безбедна и стабилна земја! И за тоа да се случи, има само еден пат, има само еден начин! Со членството во ЕУ, со поддршката на Европската Унија, со нашите стратешки партнери САД и сите наши сојузници кои треба да ни помогнат да направиме подобро место за живеење во Макеоднија а не нивните места да бидат подобри места за живеење за Македонците. Членството во ЕУ е единствениот начин за суштински промени во државата. “, посочува Ковачевски.
Преку реализацијата на Програмата за европска иднина, додава Ковачевски, ќе се придонесе за повисоки плати и пензии, поголема поддршка за младите, бизнис заедницата, ќе се подобрат условите во образованието и јавното здравје, но и конечно ќе се расчисти со криминалот и корупцијата во македонското општество.
„ Демократијата е како кислород. Кога е тука, не ја забележуваме. Кога ќе ја снема, почнуваме да се чувствуваме задушено. Кога нема демократија, настапува смрт. Смрт за слободни медиуми, за слободна мисла, за слобода на изразување за слобода на протест. Едноставно шепотите седите дома, се криете и немате каде да го кажете вашето мислење. Да не си играме со нашите демократски вредности и да осигураме силен СДСМ во Собранието за да може да бидеме чувари на демократските институции. Да осигураме дека нема да ја вратиме државата во „дивите“ времиња на ВМРО – ДПМНЕ и Груевски. “, им порача Ковачевски на скопјани.
Тој ги потсети граѓаните дека само тие избираат дали ќе живееме во минатото и тоталитаризмот на ВМРО-ДПМНЕ или ќе заедно ќе градиме слободна, просперитетна и европска иднина.