fbpx

Битиќи: Зголемувањето на бројот на министерствата носи неефикасност, нема придобивки за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Зголемувањето на бројот на министерства не води до ефикасност. Ефикасноста секогаш вели со помали трошоци да се добива повеќе. Напротив. Повеќе институции доведуваат до поголема бирократија, непотребно трошење на ресурси и дополнителни компликации во координацијата на различните институции. Наместо да се подобри ефикасноста се создава хаос и конфузија. Овој закон не нуди суштински и институционални подобрувања. Многу институции не се укинуваат туку се преименуваат. Ова претставува игра на празни зборови и не носи никакви придобивки за граѓаните. Преименување на институции без вистинска промена на нивната структура и надлежности создава илузија на реформи а проблемите ќе продолжат, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на синоќешната собраниска дебата.

-Зад овој закон се крие политичка мотивација и ништо друго. Повеќе изгледа како алатка за исполнување на политичка агенда отколку како сериозна реформа за подобрување на државната управа. Зголемувањето на бројот на министерства не е водено од јавен интерес туку од потреба да се задоволат политички партнери и партии, додаде Битиќи.

Кој ќе го води социјалниот дијалог? Или тој веќе не е важен? Од кога министерот за економија е најповикан за тоа? Или на пример со која одредба просторното планирање, урбанистичкото и градежништвото ќе бидат доверени на друго место?, праша Битиќи.

Зголемување на бирократскиот апарат ќе создаде само усложнување на и онака комплексната администрација создавајќи само нови проблеми без решенија. Во време кога е потребна максимална рационалност и штедење на ресурси, предлогот за зголемување на административните трошоци е контрапродуктивен и неодговорен. Затоа ние како пратеници мора да се спротивставиме на вакви полу-мерки, рече Битиќи.

Последни вести