Соопштение за јавност
Главното прашање е зошто овој системски Закон се носи по скратена постапка. Недостасува анализа на министерства, многу важен сегмент кој ќе означи како ќе функционира владата во иднина, рече пратеникот на СДСМ, Венко Филипче во македонското Собрание за време на синоќешната дебата во однос на предложениот закон од страна на владејачкото мнозинство за реорганизација на државната управа.
-Само неколку примери. Прво за Министерството за економија. Прашање е дали ќе се изградат капацитети во делот на енергетиката?
Министерството за економија останува ослабено. Дополнително со преземање на дел од Министерството за надворешни работи за потпишување на одредени договори. Повторно се поставува прашањето дали не треба да се направи прво анализа за капацитетите на дипломатските претставништва и како ќе функционира тоа како еден систем во иднина? Понатаму министерството за спорт, каде што во најголемиот број земји, пред се европски, е заедно со сегментот за млади. Така се постигнуваат врвни резултати во делот на спортот, пред се кај младите, како на пример во Словенија, токму поради таа поврзаност, рече Филипче.
Јавноста и експертите треба да бидат повеќе вклучени во анализа и споделувања на мислења, доколку се утврди дека ова на пример е нешто што навистина носи поголема ефикасност Законот да се донесе во редовна постапка, заклучи пратеникот Венко Филипче.