fbpx

Залудни се лажните вести на Мицкоски,видлив е резултатот од успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најмалку повикани да зборуваат за економија, бидејќи опозициската партија преку своите криминални, коруптивни и расипнички политики со години ја уништуваше економијата, а државата и граѓаните ги втурна во долгови и сиромаштија.

Видлив е резултатот од успешните политики на Владата предводена од СДСМ и граѓаните тоа го чувствуваат.
Со зголемувањето на минималната плата, околу 90.000 граѓани добиваат повисока плата која сега изнесува 12.000 денари. Трајно се решава долгогодишниот проблем на стечајните работници и дел од нив веќе добиваат материјален месечен надоместок. Зголемената минимална плата ја откочи спиралата на раст и просечната нето плата за првпат го надмина износот од 24.000 денари.

Со кратењето на трошоците, повеќе пари остануваат во семејствата, а економските успеси на Владата предводена од СДСМ се потврдени и преку економките параметри што покажуваат раздвижување на економијата.

Ниедна лажна вест пласирана од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на тоа не може да влијае.

 

Скопје, 27.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести