fbpx

Времето на расипничко трошење на парите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ, секој кој го прекршил законот одговара за постапките

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Времето на криминални тендери и расипничко трошење на парите на граѓаните заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Денес, одговорно се управува со јавните финансии, а институциите постапуваат според своите надлежности независно, професионално и целосно ослободени од партиски притисоци.

Секој кој го прекршил законот се соочува со одговорност за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, партиска или каква било друга припадност.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ја разбере таа разлика и не може да разбере што значи неселективно владеење на правото и нулта толеранција за криминал и корупција.

 

Скопје, 20.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести