Соопштение за јавност
Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за заробена држава, бидејќи Македонија со години беше карактеризирана како заробена држава токму поради нивното криминално владеење.
СДСМ, заедно со мнозинството граѓани ја ослободи заробената држава, а слободата дојде за сите подеднакво, како за либералите и демократите, така и за конзервативците и националистите.
ВМРО-ДПМНЕ е партија заглавена во национализам и поделби. ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во услови на слобода, и затоа и мора да се одважи и да го ослободи своето членство да учествува во демократските процеси.
Мицкоски треба да и се извини на Македонија за тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја однесе државата во колапс и во кавга со целиот демократски свет
Скопје, 18.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА