Соопштение за јавност
Агенцијата Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг ББ- на Македонија и во својот извештајот го потврдува напредокот на Република Македонија, што е уште едно признание за успешноста на работата на Владата предводена од СДСМ.
Нотираниот напредок во подобрување на политичката стабилност, транспарентноста, реформите во праводуството, јавните набавки и јавната администрација, според извештајот на Стандард и пурс, може позитивно да влијае врз подобрување на довербата и интензивирање на економскиот раст.
По подобрувањето на кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен, од страна меѓународната кредитна агенција „Фич“, Извештајот на Стандард и Пурс е уште една потврда од меѓународно призната институција дека економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат и дека Македонија се движи во добар правец.
Скопје, 18.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА