Соопштение за јавност
Целата процедура како и исполнувањето на потребните предуслови за проширувањето на позитивната листата на лекови беше започната и завршена во време на мандатот на СДСМ.
Благодарение на СДСМ денеска имаме дополнета, односно проширена позитивна листа со лекови кои им се потребни на граѓаните, меѓи кои и за висок притисок, срцеви заболувања итн.
После цели 13 години СДСМ ја отвори оваа можност за современа и поефикасна терапија за граѓаните.
Беше усовоен нов Правилник за ставање лек на позитивната листа, целосно усогласен со европските правилници.
Минатата, 2023 година беше формирана и стручна комисија откако претходно беа усвоени нови критериуми.
На тој начин за граѓаните се отвори можноста да имаат нови лекови а за фармацевтските компании да можат да почнат со навремена подготовка на документацијата.
Актуелната власт само го заврши процесот во оваа фаза. За жал процесот не е комплетиран до крај.
За да биде целосно комплетиран целиот процес потребно е оваа листа да се интегрита и да се дополни заедно со болничките лекови.