fbpx

Гаши потврди дека одговорноста е кај Тошковски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска призна дека свадбарите со приватни возила на граничниот премин Блаце поминале без контрола од страна на полицијата и потврди дека одговорноста за тоа е кај Тошковски, кој е на чело на МВР.

Гаши ги потврди сите информации коишто ги објави СДСМ за пропустите и злоупотребите на граничниот премин Блаце и ја лоцираше одговорноста кај Тошковски.

Потонати се сите обиди одговорноста да се префрли на некој раководител на смена.

Рибата смрди од главата а глава на МВР е Панче Тошковски и тој мора да понесе одогорност.

Ајде да видиме дали ќе охрабри сега Мицкоски да побара оставка од Тошковски?

Ќе побара ли одговорност од Тошковски, ќе побара ли од било кого одоговрност за бројните скандали или ќе мјаука и понатаму во нивна заштита?

Последни вести