fbpx

Трипуновски не знае каде тера, СДСМ бара Владата да ја смени одлуката и да издвои 5 дена за килограм пченица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот Цветан Трипуновски делува дезориентирано и не знае каде тера. Тоа се одразува негативно врз земјоделците.

Владата донесе одлуката за дополнителни 3 денари за килограм пченица. Земјоделците се крајно разочарани и незадоволни затоа што тоа е недоволно.

Трипуновски мисли дека иста сумата од лани, но минатата 2023 година пченицата се откупување за 12 денари а оваа 2024 година за 9 денари. Бидејќи тоа Трипуновски не го знае и не го увидел затоа Владата носи мерка со само 3 денари за килограм пченица. Значи земјоделците се оштетни и потребни им се барем 5 денари по килограм.

СДСМ е на страна на земјоделците и бара Владата веднаш да ја промени одлуката и да издвои дополнителни 5 денари за килограм пченица и дополнителни 10.000 денари по хектар за јачмен.

Воедно во низмената бараме да стои прецизно дека со откуп до 30 октомври, бидејки доколку некој ја има складирано да може да ја продаде.

Фактот дека од објавувањето на мерката им се дават на земјоделците само два дена, а тоа е 5-ти септември, владата на Мицкоски покажува дека сака повторно да ги манипулира земјоделците.

Земјоделците во новата влада и новиот министер немаат партнер ниту поддршка.

Последни вести