fbpx

Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на Митева

Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Тешкиот дипломатски пораз не е вина на некој друг туку на Мицкоски, Митева и сите кои што години наназад го блиираат европскиот пат на државата.

Денеска наместо да биде голем ден на славје, на надеж, на нови можности за македонските граѓани, ние зборуваме за дестабилизации, изолации, етнички прашања.

За оваа состојба не е виновен никој друг освен ВМРО-ДПМНЕ кои години наназад работат интензивно на попречување на европската интеграција на државата.

Почнувајќи од опозиција, преку подгревање на национализмот и лажење на граѓаните, сега и како Влада, директно одлучуваат еднострано да ги прекинат преговорите со ЕУ.

Денеска можеше да биде ден кога сите политички партии, сите граѓани, ќе се обединеа околу надежта за подобро утре. Тоа им го одземаа и на граѓаните и на земјата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се директно одоговорни за тоа што Македонија веќе нема европска перспектива. Немаат ниту план ниту стратегија што понатаму, но имаат план само како да ги задолжуваат граѓаните, да тераат бизнис зделки со своите стратешки партнери и да ја држат земјата во балканската кал.

СДСМ преку визионерски и храбри одлуки ги реши сите отворени прашања кои ги имавме, ја внесе Македонија во НАТО и ја донесе пред прагот на ЕУ.

Последниот чекор којшто требаше да се охрабри да го направи ВМРО-ДПМНЕ не е направен само заради одлуките и бизнис интересите на Мицкоски и неговите соработници.

Последни вести