Соопштение за јавност
Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
И како опозиција и како власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно и намерно го блокираат европскиот пат на државата. Резултат на тие погрешни политики и дипломатски промашувања го гледаме денеска. Албанија продолжува напред по патот на ЕУ а Македонија влегува во нова неизвесност, без план како да понатаму.
Наместо да биде ден кога сите политички субјекти и граѓаните заедно ќе се радуваат на нов национален и државен успех, на нова надеж за подобро утре, денеска со горчина може да контстаираме дека Македонија повеќе нема европска перспектива.
Никој друг не е виновен за тоа освен Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ не може да биде параван за промашените политики на Мицкоски за ЕУ.
Со визионерски и храбри одлуки СДСМ ги реши отворените прашања кои ги имавме, ја внесе Македонија во НАТО и ја донесе пред прагот на ЕУ.
Последниот чекор кој ВМРО-ДПМНЕ намерно и свесно не го направи е единствено поради лични и бизнис интереси на Мицкоски и неговите соработници.
Сега власта треба да излезе пред граѓаните, да им се извини и да каже која е алтернативата?