fbpx

Бесмислените математики на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го засенат успешното управување со финанисите од страна на Владата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Лажните вести и бројки и бесмислените матемитики што ги шири ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа која не плаќа данок нема да го засени одговорното и успешно управување со финанисите од страна на Владата предводена од СДСМ.

Задолжувањата на домашниот пазар се одвиваат со намалена зачестеност и по поволни услови, што не беше случај претходно.

ВМРО-ДПМНЕ залудно шири лажни бројки и вести. Граѓаните и јавноста можат многу лесно да ја следат состојбата за нивото на јавниот долг на веб страниците на Министерството за финансии и НБРМ, официјалните институции кои објавуваат виситнити и релеватни информации за висината на јавниот долг.

За разлика од некотролираното, нетранспарентно и расипничко задолжување за криминално богатење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со буџетските средства, ги крати непродуктивните трошоци, ја намалува зачестеноста на задолжувањата и обезбедува повеќе пари за граѓаните. По промените на локалните избори, таквиот пристап ќе продолжи и на локално ниво.

 

Скопје, 28.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести