fbpx

Заев од Аеродром: Приклучете се во акцијата живот за сите во Македонија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните на општина Аеродром да се приклучат на акцијата „живот за сите“ во Македонија за после 15 октомври да се почувствуваат целосни промени во сечиј дом во Македонија, заеднички порачаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев и кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин на синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата, во Аеродром.

„Сакам да најавам дел од новата програма којашто ќе биде составен дел на Аеродром, Град Скопје и на Владата. Затоа што имаме намера со Грнчаров и советниците, со Златко Марин и Петре Шилегов да работиме на развој на Аеродром и на градот Скопје, на вистински начин за потребите на граѓаните!“ порача претседателот Заев.

Тој рече дека кандидатите за градоначалници ги имаат на располагање неговите знаења и искуства за успешна и комплетна гасификација на општините, по примерот на општина Струмица, објаснувајќи го концептот кој веќе успешно се применува во светски рамки.

„Јас ви гарантирам гасификација на градот Скопје и Аеродром, па дури и по колективните згради воведувајќи го директно колекторскиот систем којшто значи опционо загревање и производство на струја заедно. Го применува целиот свет овој модел. Преку замена на огревното дрво и штетните материјали за греење со евтини енергенси, кои истовремено се и еколошки, ќе работиме на директна заштита на здравјето на граѓаните а ќе ги намалиме и трошоците“ соопшти претседателот Заев.

Претседателот Заев ги повика граѓаните да дадат поддршка на кандидатите за градоначалници од СДСМ и коалицијата, за да се заокружат промените и на локално ниво по 15 октомври, во интерес на граѓаните.
Свое обраќање имаше и кандидатот за градоначалник на градот Скопје, Петре Шилегов кој рече дека преку конкретен план, мерки и проекти ќе се работи со упорност, посветеност и чесност на подобрување на животот на сите граѓани.

Шилегов посочи дека видлива е разликата, тимот за живот во Македонија за сите нуди поинакви алтернативи, плодна соработка помеѓу општините, градот Скопје и централната власт којашто ќе го прероди и врати животот во Македонија, а Скопје ќе прерасне во современ и модерен европски град, по теркот на граѓаните.

Во своето обраќање пред граѓаните, кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Златко Марин, ја претстави својата програма за услужна и современа општина Аеродром и ги наброја мерките и проектите со коишто ќе се работи на намалување на загадувањето на воздухот во оваа општина, но и во градот Скопје.

„Ќе ги помогнеме финансиски граѓаните да обезбедиме еколошки огрев преку субвенции. Знаеме дека има семејства кои немаат доволно пари за огрев. Ќе ги поврземе со топлификација каде што е можно. Со тоа ќе го намалиме загадувањето, но и трошоците.“ порача кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Златко Марин.

 

 

 

Последни вести