fbpx

СДСМ не ги поддржува интерпелациите и се противи на игрите на ДУИ и ДПМНЕ за тензии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Оливер Спасовски, пратеник на СДСМ

СДСМ не ги поддржува интерпелациите и се противи на игрите на ДУИ и ДПМНЕ за тензии

СДСМ нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите поднесени од ДУИ, затоа што не се потребни нови поделби по етничка основа.

Македонското Собрание во ниту еден случај не смее да биде мегдан за поттикнување меѓуетнички тензии и отворање можности за поделби меѓу граѓаните.

Доколку намерите на подносителите биле вистински, причините за интерпелаците не смеело да бидат поврзани со етнички контекст, туку единствено со аргументи и со факти за работата на одреден министер или функционер.

За жал, аргументи и факти има колку сакате.

Инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме е за секоја осуда и претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците. Но исто така и други настани со сквернавење на други симболи.

Постапувањето на институциите, исто како и преземање на сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејствија не може да биде предмет на политичка интерпелација.

Постојат закони, и ако тие закони се прекршени, мора да се постапува и некој мора да носи одговорност.

Од друга страна, постојат многу други основани причини за интерепелација, особено за министерот Тошковски но и за многу други министри во Владата.

Сега кај нас се поставува прашањето е зошто ДУИ не ги опфаќа овие основи за интерпелација на министрите.

На пример нема ниту збор зошто не се преземаат мерки кои се под надлежност на министерот за екологија. Нема ниту еден збор за скандалите коишто се случија на косовската граница, за бегствата на Рамадани и Груби кои се под директна надлежност на МВР.

Нема ниту збор за партиската чистка којашто се спроведува во институциите, во МВР, во безбедносниот сектор, за отпуштањата од работа на професионалците, за партиските распределби и незаконски разрешувања.

Нема ниту збор зошто е амнестиран бодигардот на Мицкоски кој нападна полицаец а беше ослободен од одговорност и веќе е унапреден.

Исто така во интерпелацијата воопшто не се опфаќаат настани од безбедносен аспект, во сите градови Скопје, Штип, Прилеп, не прашува зошто е запалено возилото на началникот, на заменикот.

Сето ова говори дека намерите биле поинкави а тоа е отворање на нови етнички тензии.

Во изминатите шест месеци јавниот простор е затруен со етнички теми и наративи и поделби. Ова е стратегијата на ДУИ и ДПМНЕ уште од минатото, и оваа стратегија за подигање етнички тензии СДСМ остро ја осудува и нема да бидеме дел од вакви игри.

СДСМ премногу вложи во градење на меѓуетничките односи, и ако пред неколку години беше тема да се подобрат меѓуетничките односи тоа не беше тема и не треба да биде.

СДСМ смета дека со градење на добри меѓуетнички односи, треба да се искористат сите можни капацитети и заеднички да се потрудиме Македонија да ја направиме европска и економски просперитетна држава.

Оваа стратегија на ДУИ впрочем најмногу од сѐ му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити во власта.

СДСМ како пратеничка група и како партија секојдневно зборуваме и гласно се спротивставуваме на погрешните политики на власта и во собранието и надвор од него. Така и ќе продолжиме. Сите демократски инструменти кои што стојат на располагање ќе ги искористиме, одговорно и аргументирано, не заради дневна политика туку заради граѓаните и

иднината на државата.

Последни вести