fbpx

ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието, реформите ќе овозможат квалитет во образованието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Преку долгогодишните погубни политики, ВМРО-ДППМНЕ системски го уништуваше образованието. Доказ за тоа се и многуте рангирања на престижни меѓународни институции и организации кои образованието во Македонија го рангира како едно од најлошите во Европа, како и ПИСА тестирањето на коепоради лошиот образовен систем, учениците од Македонија имаат едни од најлошите резултати во светски рамки.

Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието со избрзани, несоодветни и неквалитетни проекти со што предизвика огромни штети врз учениците, наставниците и образовниот процес.

СДСМ, преку новата Влада што ја предводи, активно работи на санирање на штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во образованието. Се решаваат напластените проблеми и се создава здрава основа за темелни реформи кои ќе овозможат квалитет во образованието и кои ќе бидат во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите.

 

Скопје, 19.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести