fbpx

СКАНДАЛ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, д-р Душанка Георигиева Трпевски, членка на Извршниот одбор на СДСМ

СКАНДАЛ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

Со изјавата на Изет Меџити, партнерот на Мицкоски, дека планира две до три илјади вработувања на партиски кадри во администрацијата, се потврдува тезата на СДСМ дека се случува масовна партизација од страна на ВЛЕН во сите институции. Ова е со амин и во договор со Мицкоски. Пред изборите ветија мерит-систем, професионализација и праведна држава, а сега веќе е нова песна. СДСМ предупредуваше дека ова се случува а сега доаѓа како директна и бесрамна потврда од Меџити.

ВЛЕН ја третира државата како приватен бизнис, кој треба да го наполнат со партиски војници. Мицкоски седи и немо гледа што се случува. Но јасно е дека ова не е случајна изјава. Се поставуваат прашања – дали веќе постои подготвен план за масовна партизација на институциите пред изборите? Дали јавната администрација повторно ќе се претвори во партиски штаб наместо во сервис за граѓаните?

СДСМ бара итно стопирање на сите партиски вработувања и преиспитување дали постои организиран план за масовна партизација од страна на Меџити. Македонија не смее повторно да стане заробена држава. Наместо партиска армија, на државата ѝ требаат реформи, економски развој и вистинска шанса за младите.

Последни вести