Соопштение за јавност
Целата јавност преку проектот Вистината за Македонија имаше можност да чуе, а денеска и да види, како парите на граѓаните се трошеле за исполнување на луксузните желби на Никола Груевски.
Додека илјадници граѓани беа на прагот на сиромаштија, додека Македонија секојдневно скапо се задолжуваше, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со пари на граѓаните нарачуваа автомобил од скоро 600 000 евра, а потоа го оставија да скапува далеку од очите на јавноста.
Односот кон скапоплатениот Мерцедес кој со буџетски пари беше купен по желба на Груевски во време кога полицијајците носеа искинати обувки и униформи и потоа запуштен, е најдобар доказ за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон државните и кон интересите на граѓаните.
Скопје, 10.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА