fbpx

Владата предводена од СДСМ ги отвора евро-атлантските перспективи што Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Европските перспективи за Македонија и нејзините граѓани ги отвора новата реформска Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев којашто посветено и напорно започна да работи на деблокада на евро-аталнтските интеграции кои беа закочени од неразумните политики на пронашената режимска власт на Никола Груевски.

Отвореноста и транспарентноста на институцијата Влада, којашто им припаѓа на граѓаните се меѓу првите демократски придобивки коишто граѓаните веќе ги чувствуваат.

Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ им должат објаснување на граѓаните на Р.Македонија за која цел и за чии интереси 11 години ја уназадуваа земјата во евро-аталнтските интеграциски процеси и со тоа ја оддалечуваа од цивилизираниот демократски свет.

Со тоа Груевски изврши удар врз државните, национални и граѓански интереси.

Стратешка цел на Р.Македонија е влез во ЕУ и НАТО, а Груевски 11 години го оневозможуваше и кочеше овој процес од клучен интерес за граѓаните и државата.

Затоа, чесните членови, активисти и политичари во ВМРО ДПМНЕ треба да се оградат од криминалните политики на Никола Груевски кои ја уназадија Македонија, ги заробија институциите и ги осиромашија граѓаните. Неопдходно е ВМРО ДПМНЕ да работи како конструктивна опозиција водена од демократски принципи и активно да ги поддржи демократските реформски процеси за доброто и иднината на граѓаните и државата.

 

Скопје, 08.06.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести