Соопштение за јавност
ДПМНЕ да одговори кој од Белата палата се јави за да има куќен притвор за Асмир Пуцко Петрол?
ДПМНЕ наместо да си ја ишка мувата на капата треба да одговори дали откако бил поднесен предлог за притвор по интервенција од Белата палата следувало препавање на решението во куќен притвор?
Зошто надлежните судови досега не го преиначиле ова решение за куќен притвор иако имаат надлежност за тоа?
Или ДПМНЕ е над сите закони и судови и што ќе каже белата палата тоа е?
Јасно е зошто има само куќен притвор за осомничениот Асмир Јахоски, од Пуцко Петрол.
Старо-новата коалиција на ДПМНЕ и ДУИ очигледно си функционира одлично.
Коалицијата ДУИ и ДПМНЕ го пушти и Артан Груби да избега преку граница и да биде недостапен за правдата. Поминаа цели 3 месеци власта не презема ништо да го врати.
Кога Бојан Стојановски ќе држи прес конференции следен пат нека одговори што и должи ДПМНЕ на ДУИ. За колкави провизии станува збор?