fbpx

Филипче: Со партиски притисок врз судството довербата од 2% ќе се намали на нула!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Филипче: Со партиски притисок врз судството довербата од 2% ќе се намали на нула!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конфренција порача дека доколку ВМРО ДПМНЕ продолжи со притисоците врз судството, довербата во правосудниот систем ќе биде нула проценти.

„Судството со години предизвикува незадоволство кај граѓаните, има многу спори постапки, има сомнеж за големо политички влијание. Наместо да се спроведат вистински реформи коишто сега за прв пат после толку години се на маса ќе се протестирало, тоа е апсурд и политика без преседан. И доколку се случат такви пртисоци врз целокупниот правосуден систем, верувајте довербата од 2% ќе се намали на нула во следниот период“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче потенцираше дека граѓаните заслужуваат да видат реални реформи во судството, а не да се користи нивниот гнев за да се присвои судската власт.

„Да се користи гневот на граѓаните за да судстото се присвои како што тоа прави ВМРО ДПМНЕ, сметам дека е апсолутно недозволиво и апсолутно недемократски. Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава судство само по своја мерка и дка не сака ниту подобро, ниту пак независно судството“, рече Филипче.

При тоа, Филипче апелираше власта да престане со партиски притисоци и да спроведе вистински реформи.

„Апелирам, Владата да престане да врши партиски притисок, како тоа што го направи врз независните регулаторни тела. Со измени на закони ги сменија луѓето кои што беа членови, како што тоа го прави сега врз претставниците на Синдикатот и врз правосудството во целина, и конечно да тргнеме по патот на вистинските реформи. За тоа СДСМ дава целосна поддршка и тоа ќе го манифестираме и со гласање за било кој од законите од Реформската агенда во Собранието“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести