Чупеска: Трагедијата во Кочани е траума за целоти општество
Трагедијата во Кочани е најголема траума што ја има доживеано нашето општество и како никогаш до сега луѓето во Македонија се солидаризирани и обединети. Ова обединување треба да стане реална пракса во нашата држава, но за жал, тоа беше предизвикано заради големата трагедија. Се надевам дека во иднина обединувањата нема да се околу тагата, рече потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска, при гостување на ТВ Канал 5, во рамките на солидарната акција-Телефон „Канал 5 и Македонија за Кочани“.
– Во овие клучни моменти, апелот што сакам да го испратам, и што е посебно важен е дека покрај обединувањето, во овие тешки мигови за семејствата и за општеството потребна е голема психолошка помош за семејствата, жителите на Кочани, за сите млади луѓе и сите кои ја доживеаа оваа ситуација на трауматичен начин. Сега е најважно, да се обратат до стручни лица којшто им пружаат помош и клучно е во овој миг никој да не се срами да побара психолошката помош. Да се искористи секоја испружена рака на помош, особено психолошка помош, за да можат емотивно да заздрават, бидејќи тоа многу клучно во вакви ситуации., рече Чупеска.
Таа потенцираше дека во оваа најголема траума што ја има доживеано нашето општество, се покажа солидарност и човечност за тоа што повеќе да им се помогне на оние кои ја доживеаа трагедијата.
– Оваа огромната загуба никого не го остави недопрен. Сите сме длабоко потресени и сите изнаоѓаме начин да помогнеме, кој како знае и умее, надвор од надлежности, туку од човечка перспектива и разговорите со луѓето, кој ја почувствува таа емпатија, рече Чупеска.