Соопштение за јавност
Филипче: Нашите забелешки за Кочани се издржани, власта ја политизира истрагата
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител, истакна дека секоја забелешка од СДСМ за одговорноста на МВР во врска со трагедијата во Кочани е издржана и е дадена по консултација со правници.
Филипче посочи дека има детали кои укажуваат дека истрагата за трагедијата во кочанската дискотека е селективна, но власта упорно ја дефокусира јавноста со вадење на стари случаи со кои се обидува да ја политизира истрагата.
„Тие наши забелешки ги кажуваме по една многу детална консултација со правници. Не се тоа само политички пораки коишто сакаме да ги упатиме. Нивната аргументација се претходните трагедии како модуларната болница во Тетово, Ласкарци, Беса Транс. Кога ќе кажеме зошто е селективна истрагата, ВМРО-ДПМНЕ веднаш оди со реториката дека ќе се отвораат стари случаи. Прво, никој не е уплашен дали некој случај ќе се отвора или не, но тоа е знак дека политички се влијае на истрагата. Тоа што некој сака политички да иницира реотворање на истраги за нешто што има, имало истраги, пресуди – тоа е доказ за политички импликации“, рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче посочи дека прашањата на СДСМ за трагедијата во Кочани се конкретни прашања за истрагата, додавајќи дека СДСМ ги поддржува надлежните институции да ја завршат истрагата.
„Вечерта имало претставници на МВР во дискотеката по 2 часот, а внатре имало малолетници. Зошто забавата не е прекината, зошто имало пиротехнички средства, зошто никој не реагирал како претставник на МВР, а таму фактички присутен? Дали можеби не се доведува во прашање целата истрага поради тоа што во периодот кога се опфатени тие претходни функционери се оди 10–15 години наназад немало таков настан? Што е целта да се прави политички циркус? Имаме забелешка дека се штитат функционери“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Линк до видео од целото: Соопштение за јавност