fbpx

Груевски може да бега од државата, но не може да избега од реалноста!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Првата работа која пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја направат на денешната Седница е да им објаснат на граѓаните зошто Никола Груевски не е во Собранието и ја напушти државата.

Со денешното бегство од Македонија, Никола Груевски уште еднаш докажа дека не го интересира државата, туку единствено му е важно да избега од одговорност. На денот кога Македонија треба да добие нов претседател на Собранието, Груевски ја напушти државата покажувајќи дека државните интереси му се апсолутно небитни.

Откако со недели внесуваше раздор и поделби, откако ги попречуваше демократските промени, Груевски на крајот, не можејќи да се помири со новата реалност реши да избега од државата.
Бегството на Груевски, слично како и неодамнешното бегство на Ѓорѓе Иванов докажува дека тие немаат ниту минимум чувство за државата. Целокупното неодговорно и незаконско однесување на Груевски и Иванов е само очаен обид за спречување на промените и заштита на неколкумина од одговорност за децениското криминално владеење.

Со или без Груевски во државата, Македонија ќе добие нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните предводена од СДСМ, која ќе се води од потребите и проблемите на граѓаните. Затоа што така одлучи мнозинството граѓани и тоа е реалноста од која Груевски не може да избега.

 

Скопје, 27.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести