fbpx

Груевски наместо да моли и лаже да го прифати поразот, а Иванов да го даде мандатот, како што наложува Уставот!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ лажат, провоцираат насилство, омраза, тензии во општеството, молат по странство за да останат на власт со една единствена цел – да ја продлабочат политичката криза во Република Македонија.

Тоа нема никаква допирна точка со државните интереси и со интересите на граѓаните.

Граѓаните знаат дека се тоа очајни обиди на Груевски и на неговите соработници да се спасат од одговорноста за личното богатење и криминалите на грбот на граѓаните, 11-та година досега.

Не е можно! Секој кој крадел и правел злодела ќе одговара, затоа што таква е мнозинската волја. Граѓаните на изборите гласаа за правда во Македонија, за промени и за живот.

И приоритет на новата Влада се добар животен стандард, враќање на парите кон граѓаните, квалитетно образование и здравство, независни институции што ќе обезбедат праведно и правично општество на еднакви граѓани.

Победи концептот Едно општество за сите. Изгуби сценариото на поделби и изолација.

Груевски мора да прифати дека тој повеќе не се прашува. Ѓорге Иванов е должен да не го штити криминалот на Груевски, туку да го почитува и Уставот, да ги заштити државните и граѓанските интереси и да овозможи мирен трансфер на власта во Република Македонија.

 

Скопје, 09.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести