Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев претпладнето се сретна со новата амбасадорка на НР Кина во Р.Македонија, Лин Лисјен.
На средбата е поздравена традиционално добрата соработка помеѓу Р.Македонија и НР Кина и се потврдени определбите и од страна на амбасадорката на Кина и од страна на претседателот Заев за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Претседателот на СДСМ ја информираше кинеската амбасадорка за актуелните политички настани во Македонија и очекувањето Ѓорге Иванов во најскоро време да му го додели мандатот за состав на новата Влада на Р.Македонија.
– Идната Влада на Македонија ќе биде реформска. Подготвени сме да ги спроведеме сите неопходни реформи поврзани со економски напредок на граѓаните и на државата, како и за обезбедување независни институции, целосно независно судство, независни медиуми. Квалитетен живот за сите граѓани и отворање перспективи за напредок и развој на Македонија се нашите цели, рече претседателот Заев.
На средбата е оценета како исклучително позитивна поддршката на мнозинството граѓани на изборите, на концептот на заедништво во Македонија, бидејки, како што е констатирано, само сплотеноста, а не поделбите носат добра иднина за сите граѓани и за Македонија.
28.02.2017, Скопје
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА