Соопштение за јавност
Воведениот Мој термин во здравството и другите лажни реформи на власта во заминување, им го отежнаа лекувањето на луѓето, поради што се итно потребни промени за заштита на здравјето на граѓаните.
Најрелевантното рангирање на здравствените системи за Европската комисија, Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), го потврди она што граѓаните го чувствуваат врз своето здравје. Тоа е дека добиваат се полоши здравствени услуги, поради нефункционален здравствен систем.
Македонија, на оваа ЕХЦИ скала, паднала за 4 места подолу во 2016 година, во однос на 2014 година, како што може да се види и од графиконите од истражувањето, во прилог на ова соопштение.
Македонија, во 2014 година била на 16 место. Тоа е годината по којашто е воведен Мој термин во здравството (јули 2013). Но во 2015 година, граѓаните наместо да доаѓаат до поквалитетни услуги во здравството, Македонија има пад за две места. Најновите податоци за 2016 година покажуваат дека Македонија паднала уште две места на скалата, со што сега е на 20 место од вкупно 35 земји во коишто се правени анализите.
Овој пад покажува дека таканаречените проекти во здравството се лажни и дека граѓаните `се се помалку заштитени од здравствениот систем.
Граѓаните ја препознааа несовесноста на Никола Тодоров и на власта во заминување кои се заинтересирани само за тендери, а не и за заштита на нивното здравје и затоа избраа промени.
Само нова одговорна Влада може да ги заштити граѓаните чие здравје е во опасност од криминалната власт во заминување.
Скопје 04.02.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА