fbpx

Курир да ја повлече лажната вест за претседателот Заев, во спротивно ќе следува тужба!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумите на Никола Груевски со ништо не можат да го покријат неговиот неуспех да формира Влада и неговиот огромен страв од определбата на граѓаните за промени и правда во Македонија.

Измислица на Курир е дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил наводно на гости кај обвинителката Ленче Ристовска.

Бараме од Курир веднаш да ја повлече лажната вест и да се извини, а тоа да го направат и другите медиуми што ја пренесоа лажната вест, во спротивно ќе поднесеме тужби за клевета.

Претседателот на СДСМ, Заев, како и секој друг граѓанин на Македонија има право на движење, а целосна лага е дека бил на адреса или во населба каде живее обвинителката Ристовска, како што се тврди во лажната вест на Курир.

Скопје, 02.02.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести