fbpx

СДСМ: Жолтите комбиња се вратија, ВМРО-ДПМНЕ во параноја и процес за дефокус од реалните проблеми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на пресот на Миле Лефков

СДСМ: Жолтите комбиња се вратија, ВМРО-ДПМНЕ во параноја и процес за дефокус од реалните проблеми

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се фатени во скандали, криминали или кога ќе доживеат дебакл на меѓународна сцена измислуваат „теории на заговор“ за дефокус од нивната неспособност.

Жолтите комбиња од времето на Груевски се вратија!

ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за криминалот, за неспособноста, за разочарувањата што им ги приредија на граѓаните, за неисполнетите ветувања. Затоа е оваа параноја и измислени фантазии.

Тоа што овој пат го обрале токму Миле Лефков, кој наместо да се сокрие по сите негови глупости, кажува се.

Единствени кои веќе нанесоа штета и веќе одработија против македонските интереси се ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски.

Затоа, после дебаклот во Европскиот парламент и блокадата на европскиот пат, секоја прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ станува театар на апсурдот.

Време е ВМРО-ДПМНЕ да се спушти на земја – Македонија не е филм, туку држава со напатени граѓани со реални проблеми кои бараат реални решенија.

Граѓаните не се наивни, жолтите комбиња можеби се вратија, ама граѓаните доверба во вакви будалаштини – никогаш нема да имаат.

Последни вести