fbpx

СДСМ: Со сестрински прогресивни партии од регионот,градиме политики засновани на солидарност и еднаквост

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Со сестрински прогресивни партии од регионот, градиме политики засновани на солидарност и еднаквост

Денеска Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е домаќин на работната обука организирана во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје,а посветена на размена на идеи и искуства со сестринските прогресивни партии од регионот.

На обуката на која присуствуваа кандидатите за градоначалници на СДСМ, како и преставници од сестринските партии од регионот, беше ставен акцент на развојот на креативни политички решенија и дефинирање програмски приоритети кои ќе одговорат на реалните потреби на граѓаните, во пресрет на претстојните локални избори.

Се дискутираше за иновативни пристапи во водење на политички кампањи, унапредување на теренската комуникација и зајакнување на учеството на младите и жените во креирањето на јавни политики.

Оваа обука е особено значајна за унапредување на регионалната соработка и вмрежување, преку размена на добри практики од локално ниво меѓу прогресивните сили од земјите на Западен Балкан.

Денешниот настан, воедно е дел од континуираните напори на СДСМ за градење силни, инклузивни и локално втемелени политики, засновани на солидарност, праведност и социјална еднаквост.

Последни вести