fbpx

Младите ќе бидат предводник на промените во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија треба да е горда на своите млади генерации – тие меѓу првите се одважија да му се спротивставаат на режимот на Никола Груевски, а денес тие се главен двигател на промените што ќе се случат по 11 декември.

Младите на претстојните избори ќе го поразат проектот на ВМРО-ДПМНЕ за нивно отселување од Македонија. Нема млад човек во земјава кој нема некој близок, другар или другарка, отселен од земјава затоа што не добил вистинска шанса, затоа што се разочарал од партизацијата на државата и мафијашкото владеење на Никола Груевски и фамилијата. Коалицијата на СДСМ со граѓаните во која клучно место имаат младите граѓани ќе стави крај на овие погубни политики и конечно ќе им даде вистинска шанса на новите генерации да живеат и создаваат во својата Татковина.

Денеска претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се појави во јавноста. По многу бегства од дебати со претседателот на Социјалдемократската младина Стефан Богоев, како и од студентите и од своите врсници, послушникот на Груевски излезе за да излаже дека неговата партија ќе им понудела проекти од кои тие ќе имале бенефит. Нема млад човек во земјава кој по десет години ќе поверува во лагите на Груевски и неговите полтрончиња во УМС.

Младите луѓе видоа во каков луксуз живеат Никола Груевски и Сашо Мијалков, додека тие јадат леб и евтина паштета по студентските домови, во собите во кои растат печурки.

По 11 декември, Македонија има план да си ги врати украдените пари. Македонија има план младите да добијат шанса за работа, пристојна плата и напредок. Македонија има план студентите да добијат имаат студентски стандард кој ќе им овозможи да се посветат на учење и личен развој, наместо на голо преживување.

 

Скопје,23.10.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести