fbpx

Колумна на Бисера Стојчевска Костадиновска: Дисконтинуираното ВМРО…

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дисконтинуираното ВМРО…
(Залутаниот континуитет на ВМРО ДПМНЕ
Си бил еднаш еден континуитет..)

Во Дигиталниот речник на македонскиот јазик, континуитетот се дефинира како продолжување без прекин, непрекинатост, постојаност.
Имајќи го ова на ум, морав да се запрашам: за каков континуитет зборува ВМРО ДПМНЕ во време кога нашата држава го поминува патот на европски реформи, кога цело општество е насочено кон правење чекори напред на тој пат, кога цело општество сака конечно тој пат да го изоди бидејќи, без разлика на јавните изјави, сите ама навистина сите сакаат европска Северна Македонија. И пак- за кој континутитет зборува ВМРО ДПМНЕ кога имаше шанса цело 11 години овој процес да го олесни, забрза, помогне илои во најмала рака, да не го закочува само и само за лични интереси и медови раце?
На својот прв конгрес во 1991 во Прилеп, партијата потврдува дека се наследници и дека ќе се следат според начелата на последното ВМРО, на кое претседател бил Ванчо Михајлов. Кој е Михајлов, нема потреба да се објаснува повеќе. И птиците на гранките научија дека не е личност со која некој би се гордеел а уште помалку да потврдува на конгрес дека е негов наследник. А камоли политичка партија. Но тоа е веќе прашање на разум, свест и познавање на историјата. Истото тоа ВМРО ДПМНЕ, нешто повеќе од 20 години подоцна, навистина водејќи се од својот континутитет решава да ја овековечи оваа личност во форма на восочна фигура. Не една фигура, ами две. Добро. Се ова ќе беше во ред ако во тој момент, ВМРО ДПМНЕ не решеше малку да го насочи континуитетот кон Античкиот период. Цели 11 години, ВМРО ДПМНЕ беше Античка. Во тоа име, се градеше, именуваше, переше пари, се убиваа луѓе, па се жалеше дека не може да се скрие едно убиство, па се трошеше на чоколади а минималната плата во најголемата светска криза дотогаш беше 9000 денари. Колку овие фрази да се излитени, преупотребени, прекажани, тие се слика на тој континуитет на ВМРО ДПМНЕ цели 11 години. Во тој период, каде немаше за оваа партија следбеник простор за континуитет? Кај тие што ја создадоа државата. Нив ги избркаа од просториите, тие беа угнетувачи, па мораше да никне цел музеј каде Мирче Ацев ќе е претставен како затвореник, измачуван до смрт оти нели така треба да го паметиме а не по неговите херојски подвизи, каде Киро Глигоров ќе е ставен во ќош, каде Александар Турунџев е прикажан обесен, и каде историјата за создавањето на денешната макеоднска држава ќе е сместена во павилион кој концептуално е прикажан како погубителите и убијците во Аушвиц. Ама имајќи го во предвид тоа првото кажано погоре, концентрационите логори и концптите на истите им биле фетиш. Блаже Конески беше џуџето од Небрегово за денес, 2022 да доживееме челниците на ВМРО ДПМНЕ да го глумат и цитираат Мисирков! Е тоа е веќе права преродба! Во вистинска смисла на зборот, а не онаа преродба со знакот на еврото пред неа.
До каде е континуитетот на ВМРО? Да. До негирање на Александар Македонски, до негирање на “непријателска Грција”, родната земја на мајката на нивниот најголем херој цели 11 години, до ветувања по аеродроми дека ама баш се ќе прифатат и тоа кажанп на солиден бугарски говор, до ветувања дека сите барања на Бугарија ќе ги реализираат вклучувајќи ја и промената на уставот за внесување на Бугарите во него само за да дојдат на власт, нешто против што се најгласни денес. Прашањето зошто очајно сакаат такви безидејни, дезориентирани да дојдат на власт во следната колумна. Сега само за континуитетот.
Денес, ВМРО ДПМНЕ се претставува како најголем бранител на борците од НОВ, на нивната борба, на жртвите кои тие ги дадоа, ама не се важи сега тоа дека ги бркаа,и дека не ги признаваа. Не. Не. Сега е важно дека Гоце Делчев е македонец, не е важно дека не собраа храброст на неговата восочна фигура да напишат дека е македонец, ами само напишаа идеолог. Ама добро пак. Гоце може не заслужил според нив и има само една восочна фигура. Ванчо има две. И цар Борис III има една. Дали е ова по заслуга првено или како? Кој бил позаслужен за континуитетот на ВМРО? Збунувачки нели?
Денес…Денес ВМРО ДПМНЕ треба да објасни навистина кој им е тој континуитет за кој зборуваат? Оти, ако е тој на Ванчо Михајлов, очекувам најмалку една пратеничка да замине од редовите на таа партија. Најмалку една! Таа сите наследници на партизаните, повикани и неповикани, ги инволвираше во случајот со клубот ВМ во Битола. Сега? Понатаму, дали ВМРО ќе објасни од кога тоа смета соработката со Бугарија? Ако смета, уште една пратеничка треба да излезе од таа партија бидејќи нејзиниот татко во 2014 година е избран за надворешен член-академик на БАНИ- Бугарската академија на науките и уметностите? Или едноставно кажано, дали ВМРО ДПМНЕ е одличен континуитет на будимпештанецот во однос на крадење, лажење, манипулирање, жедта за власт заради профит? Дали можеби ВМРО ДПМНЕ зборува за континуитет во однос на академскиот напредок на својот лидер?
Ако има нешто континуирано вистинито за оваа партија, која никако да се пронајде себеси, да престане да мисли на заработка на грбот на граѓаните кои ги гласаат за да наплаќаат патни трошоци и да гледаат седници од комфорот на своите канцеларии, тоа е дека се континуирано кочничари на напредокот на својата држава. Само тие можеа да се смета и да аплаудираат на влечење на пратенции од сала, да влезат во собрание да убиваат. Само тие можат кога губат на избори да блокираат собрание, како што и не учествуваа во работата на собранието до 1998, лути дека нивниот претстедателтски кандидат не победи. Само тие можат континуирано да го лажат своето членство дека имаат мнозинство, а да им се “одлеваат” сите нивни некогашни истомисленици, континуирано да лажат дека имаат идеи и проекти а да одат на панаѓури и отворени денови за да прибираат идеи.
Каде има ВМРО ДПМНЕ континуитет? Во крадење и лажење. За идентитет, за историја, за државност. За крадење на младост. Крадење пари. Крадење надеж. Крадење. Точка.

Последни вести