fbpx

Со новата развојна македонска економија генерираме повисоки плати и подобри работни места

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава, Фаница Николоска, носителка на листа во ИЕ 6

Почитувани граѓани,

Нашата понуда е нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ги штити работните места на граѓаните, генерира повисоки плати и подобри работни места.

Тоа е модел на спирална економија што дава нови и подобри шанси за сите. Модел што нуди стабилност за нашите деца и идните генерации.

На тој начин до крајот на новиот мандат можеме да обезбедиме раст на минималната плата во висина од 20.000 денари и 34.000 денари висина на просечната плата.

Покрај платите растат и пензиите, па така најниските пензии ќе се зголемат за најмалку 21%.

Дополнително го зголемуваме прагот на поврат на ДДВто на 9.600 денари годишно по корисник.

Додека СДСМ го реализира концептот Парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка со која парите одат кај граѓаните.

Затоа на 15 јули изборот е едноставен:

Изборот е меѓу повисоки плати за сите или богатење на неколкумина во белиот дворец.

Заедно со вас, можеме да постигнеме уште повеќе и уште подобро .

Последни вести