Заев од Гази Баба: Граѓаните носат важна одлука на 15 јули, никој повеќе нема да ја условува татковината!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во изборна единица 4, Зоран Заев денеска се обрати на граѓанската посветена на понудата во општина Гази Баба и изборна единица 2.

„Сите сме исти, сите имаме дома деца за гледање, сите сакаме да им оставиме подобро утре отколку тоа што ние го живееме. Сега успеавме во тоа. Гледаат дека ги губат изборите и дека расте поддршката на коалицијата „Можеме“ и од Македонците ама и од Албанците, Ромите, Турците, Власите, Србите и од Ашкалиите и од сите. Целосно таа поддршка што ја имаме. И на самиот почеток на кампања Ахмети вика услов Албанец премиер. Никој повеќе нема да ја условува татковината. Само граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе е министер кој ќе е премиер, кој ќе е пратеник, претседател на државата, граѓаните и никој друг. Кога гледаме пулс дека водиме со 5, 7, 9 пратеници. Око да не ви трепне, да излезете на гласање и вие таму со заокружување на вашиот глас одлучувате каде ќе оди државата“, порача претседателот Заев.

Претседателот Заев рече дека општина Гази Баба се гради како никогаш досега, 10 крупни капитални проекти се реализираат во овој момент.

„Не ни требаат нивните обнови и преродби. Обновена е татковината, луѓето се слободни, демократијата е во полн капацитет, економијата расте, членка сме на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ. Покажавме дека сме успешни, и дека сé што ветивме, испорачавме“, додаде претседателот Заев.