fbpx

Спасовски во Љуботенски пат: Само политичари кои се грижат за сите може да и донесат добро на оваа држава, ние носиме развојна економија за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средбите со жители во Љуботенски пат, општина Бутел, најави дека со новата развојна економија продолжува враќањето на парите кон граѓаните, наспроти намерата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го вратат режимот за да продолжат да крадат.

Ние се фокусиравме и на рамномерен регионален развој, за да ни се развиваат селата подеднакво како и градовите, со цел силен локален економски развој.

„Само во општината Бутел реализиравме 25 проекти во патната инфраструктура, 3 проекти за водовод и канализација, 8 проекти во образованието, 3 проекти во градинки: адаптација, изградба, доградба, 3 проекти за рамномерен регионален развој. За изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, само во општините во ИЕ 2 вложивме 814 милиони 441 илјада 489 денари. Се грижиме за сите и можеме уште повеќе и уште подобро“, рече Спасовски.

Тој посочи дека ние сме ориентирани кон евроатланските интеграции што носи сигурност и кон капитални инвестиции и вложување во инфраструктурата бидејќи тоа носи повисоки плати и нови работни места за сите, а не мермерот и бронзата за што беа злоупотребени граѓански пари за белите дворци на режимот.

Новата развојна економија што ја најавуваме е реалност и отвора шанси за сите. Една стратешка цел целосно реализиравме – членството во НАТО. Втората стратешка цел е отпочната – одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Интеграциите донесоа повеќе пари на државата, 660 милиони евра само странски инвестиции и ќе донесат уште повеќе, кога ќе се отворат за нас европските фондови. Во следните 4 години, до 2024 година, ќе отвориме 80 проценти од поглавјата за интеграција во Европската унија. Тоа ќе значи 2.5 милијарди евра од европските фондови, за нашата држава, за инфраструктура, за земјоделство.

Нашата цел е брза развојна економија и раст на платите во следните 4 години: до 20.000 денари минималната плата, до 34.000 денари просечната плата, повисоки пензии и грантови до 15 илјади евра за младите и за жените, за отворање сопствена фирма.

„Само политичари кои се грижат за сите може да и донесат добро на оваа држава, гласајте за број 3 на изборите на 15 јули“, порача Спасовски.

Последни вести