fbpx

Спасовски: Влегуваме со победа во нов чист мандат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на вечерашната граѓанска трибина во Чаир порача дека СДСМ и коалицијата „Можеме“ ја имаат поддршката од сите етнички заедници во земјава.

„Ви благодарам за топлиот прием и поддршката и за уште една силна победа што ни претстои.

Пркосевте на режимот, го поддржавте концептот Едно општество за сите. Втората изборна единица е Македонија во мало, тука сме заедно сите и сега ќе покажеме дека сме заедно, да го докрајчиме режимот и да продолжиме по европскиот пат и по вистинскиот пат.

Поминавме три години во коишто требаше да се носат важни и тешки одлуки, за тоа го имавме Зоран Заев кој беше храбар и имаше визија и затоа денес сме членка на НАТО и на патот кон ЕУ.

За нови 4 години и чист мандат можеме и повеќе и подобро затоа што мислиме за сите во оваа држава“, порача Спасовски.

Последни вести