fbpx

Шекеринска од Битола: ВМРО-ДПМНЕ не смее да спомене п од правна држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Заменик претседателката на СДСМ Шекеринска денес во Битола при одговор на новинарски прашања го повика противкандидатот Дурловски да се појави на соочување.

Јас не бегам од камери, не бегам од поставени прашања, а каде е носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски да одговори барем на едно прашање од медиумите, од граѓаните!?

Ако како битолчанец не знае каде води патот од Битола, што ли ќе каже за регионалните патишта во Струшко или Кичевско.

За жал, ВМРО-ДПМНЕ не промени ни точка во своето однесување. Лаги, дезинформации, напади и плукања, изјави Шекеринска.

Како партија покажавме разлика, бидејќи ниту еден од СДСМ не беше над законот, ниту еден случај не беше блокиран, ниту еден кандидат или пратеник од СДСМ не се крие од Судот, ниту еден од нас не бега кога ќе го повикаат во полиција.

ВМРО-ДПМЕ треба да одговори на многу прашања, но не смее да каже ни п од правна држава.

Кога ги слушав дека зборуваат за нула толеранција кон криминалот, мојата реакција беше дека има две нули и една единица пред тие две нули, односно имаат 100 процентна толеранција за криминалот и корупцијата во нивните редови, рече Шекеринска.

Последни вести