Соопштение за јавност
„Ние овде ќе се чукаме во градите кој е поголем патриот. Патриот е тој којшто крева плати и пензии. Патриот е тој што ја враќа среќата на лицата на нашите граѓани. Патриот е тој што си подава рака еден меѓу друг, што гради единство. Патриот е тој што го крева економскиот стандард и целата економија. Патриот е тој што за 2,5 години отвори 64.000 работни места, даде 300% поголема социјална помош на најсиромашните, ја воведе државната социјална пензија, згрижи 12.000 стечајни работници. Патриот е тој што имаше храброст да ги укине квотите за лековите, да ја крене 40% платата на специјалистите лекари, 25% на медицинските сестри, 21% на наставниците и учителките, 31% на негувателките и воспитувачките“, додаде претседателот Заев на граѓанската трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во Чаир.
Претседателот Заев испрати неколку важни пораки до младите луѓе, посебно во овој период кога заедно треба да работиме и да ја градиме нашата држава која стана членка на НАТО, а ќе започне и преговори со ЕУ.
„Една порака до младите луѓе, да не размислуваат за надвор. Таму во Германија, во Швајцарија, во Италија, во Австрија можеби земаат поголема плата, но кога ќе дојде крајот на месецот и ќе ја платат киријата и закупнината и сите сметки не тоа нешто значајно што им останува. Таму развојот го достигнал своето ниво, реформите се случиле, предизвикот е завршен, а животот е еден. Таму ќе се возат горе на бранот, да, и животот ќе помине. Но предизвикот е овде. Овде е борбата. Овде се случува европеизацијата на државата. Овде ќе бидат реформите коишто треба да ги правиме. Овде ќе се крева економскиот стандард на народот. Да останат тука, тука да се борат. Тука се остава трага. Од тука се создаваат аргументи и приказни да се кажуваат на децата и внуците во иднина, во еден живот што го имаме. Затоа драги млади луѓе, останете дома! Јас и овие луѓе околу мене ќе се бориме, да се борите и вие! Ова е ваша земја, има да се бориме дома, оти тоа е патриотизам!“, рече претседателот Заев на граѓанската трибина во Чаир.