Соопштение за јавност
Заменик претседателката на СДСМ и носител на листа во ИЕ5 – Радмила Шекеринска денес беше во посета и на Издеглавје каде што ја даде следнава изјава за медиуми:
Денеска сме во Издеглавје каде што можеме да видиме дека после 14 години ветување најпосле се решава проблемот со водоснабдување.
Ова зад мене е резервоарот кој што 14 години бил ветуван и не бил реализиран се досега. А со овој резервоар се решава проблемот на водоснабдување на Издеглавје но и на Слатински чифлик.
После толку години граѓаните веќе изгубиле верба, но еве сега се гледа дека проектот е на крај. Овој проект е реализиран благодарејќи на напорите на општината со средства од општината Дебарца но и со средства од Владата.
Она што е интересно е дека сите коментираат дека ова е селото од каде што потекнува Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој 14 години ги убедувал дека ова ќе го направат.
Требаше две и пол години да бидат во опозиција и најпосле Издеглавје да го добие ветениот резервоар. Можеби затоа Александар Николовски избега од 5-ка и замина да им нуди нови ветувања на некои други граѓани.