Со околу еден милион евра владата ќе поддржи 33 проекти на 33 компании организатори на настани. Со овие средства ќе се организираат преку 100 настани на кои ќе учествуваат најмалку 500 изведувачи.
Овие настани, освен за одбележување на 30-годишнината од независноста се и помош за организаторите и индустријата за настани, како и за домашните изведувачи кои беа најпогодени од кризата предизвикана од КОВИД-19.
Мерката е дел од петтиот сет на Владата за намалување на последиците од економската криза предизвикана од пандемијата и како што најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ова не е единствена поддршка за индустријата за организација на настани. Тој најави дека во шестиот пакет мерки е предвидена и директна финансиска поддршка на компаниите од индустријата во висина од над 15 милиони денари.