fbpx

Функционален парламент и стабилна влада во Софија за зелено светло на патот кон ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија, за да ги деблокираме нашиот пат кон Европската Унија“ истакна премиерот Зоран Заев пред изборите во Бугарија. Премиерот изрази надеж дека изборите во Бугарија ќе бидат успешни и дека ќе може да се формира стабилна политичка влада, со која ќе може да се преговара и да се постигне решение за тргање на блокадата.

Очекувам во декември годинава да биде донесена одлуката, но секако оставаме процесите да бидат успешни за да може да се израдуваме на позитивна одлука. Ова е повеќе прашање на достоинство на ЕУ, отколку наше “ кажа Заев.

Премиерот Зоран Заев истакна дека Северна Македонија не се откажува и дека ќе продолжи со работа додека не се реши ова отворено прашање. Заев додаде дека при посетата на Бугарија минатиот месец ги адресирал сите важни работи на билатералните разговори.

Последни вести