„СДСМ и ДУИ ја прифатија резолуцијата на ВМРО- ДПМНЕ само треба да се смени формалното име и да се утврдат одредени формалности, за да биде взаемно прифатена од сите“, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во Виница.
Според него одредбите на македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно па се поставува прашањето дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја предлагаат Резолуцијата за да се усвои или за да заглави во формални процедури заради нивниот лажен патриотизам?
„Македонските државни позиции се силни и јасни, но ќе бидат уште посилни ако ВМРО-ДПМНЕ ја прифати Преспанската спогодба како реалност која овозможи Македонија да стане полноправна членка на НАТО Алијансата со верифициран македонски идентитет“ вели Заев.
Според него Мицкоски очигледно одбра да продолжи со неодговорното и несериозно однесување бидејќи СДСМ се согласни со резолуцијата но на документите мора да стои името Северна Македонија.