Трибините „Најдоброто за нашата општина“ потврдуваат дека граѓаните имаат најголема доверба во кандидатите на СДСМ. Во Битола се одржа последната граѓанска трибина „Најдоброто за нашата општина“, каде се претставуваа постигнатите резултати и заедно со граѓаните се подготвуваа прогамите за престојните локални избори.
Во изминатите месец и половина, СДСМ одржа преку 250 маалски и урбани средби со граѓаните, 750 средби на локално ниво и 15 трибини во градови во сите делови од државата. На трибините се презентираа постигнатите резултати во изминатите 4 години, а слушајќи ги предлозите на граѓаните се креираа и програмите за наредните четири години.
Големиот број граѓани кои учествуваа на трибините ги потврудваат анкетите кои покажуваат дека СДСМ останува главен фаворит на престојните локалните избори. Во периодот кој следува, СДСМ ќе ги објави и преостантите кандидати за градоначалници, а во тек е изборот на кандидатите за советници, каде што при изборот на кандидатите за советници ќе се внимава на вредностите, на родовата и младинската застапеност согласно статутот на партијата, односно 50 проценти да има застапеност на жени и 33 проценти млади.