fbpx

Заев за Дојче Веле: Ние сме лидери во европеизацијата на земјата, а кога ЕУ ќе реши да ни го испорача ветеното и заслуженото, можат да ни се јават

Facebook
Twitter
LinkedIn

„Не станува збор просто само членството во ЕУ, за нас клучна цел е европеизацијата на нашата земја. Покажавме вистинска посветеност на овој процес и покрај тоа што од 2005 година сме земја кандидат и 16,5 години чекаме да се случи следниот чекор“, рече премиерот Зоран Заев, во интервју за „Дојче веле“. Тој додаде дека за жал Унијата не го испорачала ветувањето пред граѓаните на Република Северна Македонија и сега разочарувањето е навистина големо.

-Алтернатива нема, пред сè поради вредностите на Унијата кои значат подобра и просперитетна иднина. Сепак, земјите од Западен Балкан, кои се како своевиден остров оставен во ЕУ на овој начин се оставаат на можноста да се соочат со други влијанија, порача Заев.

Во насока на европеизацијата на нашата земја претседателот на Владата истакна дека земјава е позитивен пример во регионот како мултиетничка и мултиконфесионална функционална демократија, а во однос на пречките со Бугарија на нашиот европски пат тој изрази оптимизам дека по формирањето на политичка Влада во Софија се отвора можност за надминување на нерешените прашања.

Последни вести